ХАРД ДИСК
Хард диск претставува магнетен диск составен од повеќе метални или керамички плочи прицврстени на една заедничка оска околу кој ротираат. Затоа се нарекува и тврд диск (англ. hard disk) Секоја плоча е премачкана со магнетен материјал дебел само неколку микрони. За секоја плоча има по две глави за читање и запишување. Податоците се запишуваат со намагнетизирање и ненамагнетизирање на точки од магнетниот премаз. Кај магнетниот диск нема допирање меѓу површината на дисковите и главите за читање и запишување. Главите “лебдат” над нивната површина на воздушно перниче кое се создава поради многу брзото ротирање на дисковите (најчесто 7200rpm). Магнетниот диск се дели на на сектори и патеки. Патеките со ист реден број формираат цилиндер. Од бројот на цилиндри и сектори зависи и капацитетот на магнетниот диск (од 40тина GB до 1,5 TB). Освен капацитетот, значаен податок е и количината на податоци што може единицата на магнетниот диск да ја прочита и да ја пренесе во една секунда. Тоа се нарекува брзина на пренос на податоци. Кај денешниве дискови изнесува неколку десетици MB/s (мегабајти во
секунда). На сликите ни е претставен хард дискот и неговиот физички излед .Според начинот и брзината на запис на податоци хард дисковите се делат на ATA дискови, SATA (Serial ATA) дискови и SATA II (Serial ATA 2) дискови. Кај SATA II дисковите брзината на пренос на податоци изнесува околу 300 MB/s. Денешниве SATA II дискови можат да се поврзуваат во RAID начини. Терминот RAID означува “Redundant Array of Independent Disks” која е метода на комбинирање на два или повеќе хард дискови кои функционираат како еден . Постојат RAID 0, RAID 1, RAID 5, RAID 1 0 (комбинација од RAID 0 и RAID 1) и др. RAID 0 е принцип кога податоците се делат на повеќе делови, со големина дефинирана од корисникот и се испраќаат на исто толку медиуми. Кај RAID 1 секој податок се дуплира и се снима на два одделни хард дискови. Во RAID 5 покрај тоа што се делат податоците се дели информацијата за паритет и таа се снима на три или повеќе медиуми.
0 коментари:
Објави коментар
Претплати се на Коментари на објава [Atom]
<< Дома