LCD и PLASMA монитори
LCD (Liquid Crystal Display) е технологија која првично се користеше кај лаптоп компјутерите (и малку пред тоа), за подоцна да се прошири понудата во форма на flat panel desktop монитори и телевизори. Корисната површина на LCD дисплејот е матрица од кристали кои контролирано пропуштаат светлина ако низ нив се пушти електрична енергија. Заради фиксната позиција на кристалите, најоштра и најубава слика даваат на резолуцијата со која се физички создадени.Некои (претежно постари) модели имаат релативно ниска фрекфенција на освежување на сликата (refresh rate), па не се пријатни за гледање слики кои брзо се менуваат (на пример: филм или видео игра), бидејќи произведуваат заматена слика со „духови“. Но, кај поновите модели се забележуваат повисоки фрекфенции на освежување и значително подобрување на квалитетот на сликата во ваков режим на употреба. LCD мониторите даваат понизок отсјај и кај нив го нема карактеристичното трепкање (flicker), што ги прави одлични за луѓе кои долго гледаат во нив. Исто така, LCD мониторите трошат помалку електрична енергија и оддаваат помалку топлина во околината. На сликата ни е претставен LCD монитор.PLASMA мониторите се монитори со рамен екран и се составени од мрежа на електроди сместени во танко стаклено куќиште кое е исполнето со гас. Ако на поедини електроди се доведе соодветен напон, ќе дојде до јонизација на гасот на сите оние места каде што се вкрстуваат две електроди. Јонизацијата на воздухот произведува светлина. Доколку бројот на електроди е доволно голем, со поставување на контролиран напон на електродите, т.е. со комбинација на осветлени и неосветлени места може да се формира слика. На тој начин може да се постигне висока резолуција. Поради малата дебелина, овие монитори се користат во преносните апарати.

0 коментари:
Објави коментар
Претплати се на Коментари на објава [Atom]
<< Дома