вторник, декември 18, 2007

Поим и претстава за DJ

Денешните забави ги прават популарните DJи. Тоа е кратенка од Disk Jokey и значи човек кој работи со дискови, а во случајов со Vinyl плочи кои имаат форма на дискови. Најчеста музика која ја пуштаат DJите е trance музиката која се повеќе и повеќе се застапува во Македонија бидејќи во светот е еден од најслушаните видови музика. Имаме различни видови на trance музика, па аналогно на тоа имаме и различни DJи во поглед на музиката која ја пуштаат. Имаме progressive, house, dub, goa, psy, vocal trance, tounel, acid итн., па аналогно на тоа имаме progressive DJи, house DJи, dub DJи, goa DJи, psy DJи, vocal trance DJи, tounel DJи, acid DJи итн. Опремата со која DJот пушта музика се вика technic sound. Таа се состои од компјутер, CD players, vinyl плочи, ритам машина, виртуелни сајзери, миксета и еквилајзер. DJите се познати по својот начин на пуштање музика. Специфично е тоа што нема пауза меѓу две песни туку едната влегува во другата што популарно е наречено миксање. Добриот DJ нема да има разлика меѓу киковите на басот, па да се создаде гужва од звуци кој не звучат добро.

LCD и PLASMA монитори

LCD (Liquid Crystal Display) е технологија која првично се користеше кај лаптоп компјутерите (и малку пред тоа), за подоцна да се прошири понудата во форма на flat panel desktop монитори и телевизори. Корисната површина на LCD дисплејот е матрица од кристали кои контролирано пропуштаат светлина ако низ нив се пушти електрична енергија. Заради фиксната позиција на кристалите, најоштра и најубава слика даваат на резолуцијата со која се физички создадени.Некои (претежно постари) модели имаат релативно ниска фрекфенција на освежување на сликата (refresh rate), па не се пријатни за гледање слики кои брзо се менуваат (на пример: филм или видео игра), бидејќи произведуваат заматена слика со „духови“. Но, кај поновите модели се забележуваат повисоки фрекфенции на освежување и значително подобрување на квалитетот на сликата во ваков режим на употреба. LCD мониторите даваат понизок отсјај и кај нив го нема карактеристичното трепкање (flicker), што ги прави одлични за луѓе кои долго гледаат во нив. Исто така, LCD мониторите трошат помалку електрична енергија и оддаваат помалку топлина во околината. На сликата ни е претставен LCD монитор.

PLASMA мониторите се монитори со рамен екран и се составени од мрежа на електроди сместени во танко стаклено куќиште кое е исполнето со гас. Ако на поедини електроди се доведе соодветен напон, ќе дојде до јонизација на гасот на сите оние места каде што се вкрстуваат две електроди. Јонизацијата на воздухот произведува светлина. Доколку бројот на електроди е доволно голем, со поставување на контролиран напон на електродите, т.е. со комбинација на осветлени и неосветлени места може да се формира слика. На тој начин може да се постигне висока резолуција. Поради малата дебелина, овие монитори се користат во преносните апарати.

ХАРД ДИСК

Хард диск претставува магнетен диск составен од повеќе метални или керамички плочи прицврстени на една заедничка оска околу кој ротираат. Затоа се нарекува и тврд диск (англ. hard disk) Секоја плоча е премачкана со магнетен материјал дебел само неколку микрони. За секоја плоча има по две глави за читање и запишување. Податоците се запишуваат со намагнетизирање и ненамагнетизирање на точки од магнетниот премаз. Кај магнетниот диск нема допирање меѓу површината на дисковите и главите за читање и запишување. Главите лебдат над нивната површина на воздушно перниче кое се создава поради многу брзото ротирање на дисковите (најчесто 7200rpm). Магнетниот диск се дели на на сектори и патеки. Патеките со ист реден број формираат цилиндер. Од бројот на цилиндри и сектори зависи и капацитетот на магнетниот диск (од 40тина GB до 1,5 TB). Освен капацитетот, значаен податок е и количината на податоци што може единицата на магнетниот диск да ја прочита и да ја пренесе во една секунда. Тоа се нарекува брзина на пренос на податоци. Кај денешниве дискови изнесува неколку десетици MB/s (мегабајти во секунда). На сликите ни е претставен хард дискот и неговиот физички излед .Според начинот и брзината на запис на податоци хард дисковите се делат на ATA дискови, SATA (Serial ATA) дискови и SATA II (Serial ATA 2) дискови. Кај SATA II дисковите брзината на пренос на податоци изнесува околу 300 MB/s. Денешниве SATA II дискови можат да се поврзуваат во RAID начини. Терминот RAID означува “Redundant Array of Independent Disks” која е метода на комбинирање на два или повеќе хард дискови кои функционираат како еден . Постојат RAID 0, RAID 1, RAID 5, RAID 1 0 (комбинација од RAID 0 и RAID 1) и др. RAID 0 е принцип кога податоците се делат на повеќе делови, со големина дефинирана од корисникот и се испраќаат на исто толку медиуми. Кај RAID 1 секој податок се дуплира и се снима на два одделни хард дискови. Во RAID 5 покрај тоа што се делат податоците се дели информацијата за паритет и таа се снима на три или повеќе медиуми.